Антивоспалителна програма, 10 дена

Постојани болки во зглобовите, хроничен замор, отечени крајници, чести воспаленија, проблеми со кожата или постојано чувство на „тежина“ во телото?

Сето ова е сигнал дека вашето тело се бори со внатрешен пожар – воспалителни процеси кои се хранат од преработената и термички обработена храна. Време е да го „изладите“ организмот и да му овозможите длабинска регенерација.

Програмата трае 10 дена и е тематски дизајнирана да го смири имунолошкиот систем преку моќта на живата, термички необработена храна.

Секој ден го храниме вашето тело со пет внимателно одбрани оброци. Користиме моќни природни агенси за подготовка на вашите главни оброци, додаваме литар зелено смуди за прочистување и завршуваме со десерт кој го поттикнува, а не го кочи вашето заздравување.

Со оваа програма ќе ја смирите реактивноста на организмот, ќе ја намалите надуеноста, ќе ја вратите виталноста и најважно – ќе создадете средина во која воспалителните процеси немаат шанса да опстанат. 

12000 денари

*Пријавување лично или на телефон