Од Нашиот Блог
HomeBistraw Živo ZdravoЗошто Жива Храна?

 

Зошто жива храна?

Сировата-живта исхрана е необработена, нерафинирана храна, која обично не се загрева над 46 С. Нешто магично се случува на или под таа температура. Скапоцената животна сила и ензимите од храната остануваат непроменети, а токму овие мали убавини се тајна за добро здравје и виталност!
Кога ја готвиме храната или ја обработуваме на некој начин, не само што и ја намалуваме хранливата вредност, ние ги уништуваме скапоцените ензими.
Ова значи дека не само што не ја апсорбираме вистинската вредност на храната, туку му правиме потешко на нашето тело да ја процесира, апсорбира и вари храната.

 

 

Јадејќи жива храна ја јадеме храната во својата природна состојба, а нашиот организам лесно ја препознава и ја асимилира храната на овој начин. Плус, живата храна е многу алкална. Нашите тела треба да бидат благо алкални, што во превод значи долготрајно здравје. Поголемиот дел од јадењата кои се дел од македонската традиоцинална кујна се кисели – што е брз пат за создавање средина за сите модерната ден болести. Всушност, со готвење храната станува кисела.
Да резимираме

Со жива храна ги апсорбираме сите хранливи материи и цела животна сила од храната

Создаваме алкално тело за среќен, здрав, долговечен живот. Ја намалување работтата на дигестивниот систем

Ова значи дека вашето тело има повеќе време и енергија да се лекува и да се подмлади, наместо прекувремено да се обидува да вари готвена, кисела храна.

Кој се има корист од исхрана со жива храна

Сите можеме да си дозволиме да јадеме лековита исхрана со повеќе свежо овошје и зеленчук. Еве зошто …

Иако можеби мислите дека е поинаку, варената храна потешко се вари отколку свежата храна, воедно готвената има тенденција да ги дестабилизира некои од вредните ензими и да уништи одредени антиоксиданти и витамини. Исхраната со жива храна е единствен начин да го алкализирате телото, да ја намалите киселоста и со што се намалува шансата за воспаление / автоимуни реакции. Ова важи за сите нас, но особено за луѓе кои ги имаат следниве проблеми:

  • рак
  • срцеви заболувања
  • висок крвен притисок и висок холестерол
  • остеопороза
  • болест на бубрезите
  • жолчни камења или болест на жолчното кесе
  • Паркинсонова болест
  • автоимуни нарушувања
  • алергии на храна
  • замор
  • болки во зглобовите
  • главоболки
  • ПМС
  • хормонална нерамнотежа
  • проблеми со зголемување на телесната тежина / дебелина

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked