Од Нашиот Блог
HomeBistraw Živo ZdravoИсхрана со Жива Храна

 

И покрај тоа што можеби сте го слушнале, исхраната со жива храна не е уште една диета за слабеење. Всушност, експертите за жива храна велат дека станува збор за суштински спротивни не/диети и дека станува збор за начин на живот кој едноставно промовира јадење повеќе вистински храна во својата природна состојба.

Исхраната со жива храна, е всушност со необработени прехранбени продукти, со што ги добивате сите хранливи материи без опасните адитиви.

Дали сте подготвени да учествувате во револуцијата наречена жива храна? Ајде да разгледаме што тоа значи, кој се може да има корист од тоа и како да го направи тоа.

Целта на јадењето жива храна е да се внесат многу хранливи материи на начин кој е  едноставен и најбезбеден за варење на храната, оној за кој нашите тела се природно прилагодени. Нема потреба целосно да преминете на жива храна и да се декларирате себеси како веган кој јаде жива храна, сепак секојдневниот внес на одредена количина сиров зеленчук или овошје е важно за сите.

Ваквиот начин на исхрана постои од околу 1800-тите, и постојат студии и анегдоти кои покажуваат дека придобивките од жива храна се:

  • намалено воспаление
  • подобрување на варењето на храната
  • обезбедување на повеќе диетални влакна
  • подобрување на здравјето на срцето
  • подобра функција на црниот дроб
  • превенција на рак
  • лекување на запек
  • повеќе енергијa
  • чиста кожата
  • богатсво од хранливите материи
  • одржување здрава телесна тежина

Можеби се прашувате колку жива храна е потребно да јадете за да се сметате себеси за некој кој јаде жива храна. Постојат различни видови на диети со жива храна, што вклучуваат различни совети и степени според кои храната може да се готви.

Во зависност од точниот тип што ќе го изберете, исхраната со жива храна вклучува многу повеќе од само свежи производи. Освен сирово овошје и зеленчук, може да консумирате ферментирана храна, ртени житарки, ореви, семиња, а во одредени случаи месо и сирови млечни производи.

 

 

Она што ги поврзува различните диети со жива храна е тоа што обично ниту една не вклучува храна што е пастеризирана, хомогенизирана или произведена со употреба на синтетички пестициди, хемиски ѓубрива, индустриски растворувачи или хемиски прехранбени адитиви. Ова значи избегнување, или барем во голема мера, намалување на најпопуларните пакувани и преработени производи што се продаваат во самопослуга како леб, конзерви храна, печива,  млечни продукти, рафинирани масла и преработено месо.

Преминот од исхраната што моментално јадете на сирова храна може да биде тежок – особено ако во моментов мислите дека “не ви се допаѓа” свежо овошје или зеленчук, што дефинитивно е основа во исхраната со жива храна. Ако сте скептични или загрижени дали можете или не можете да толерирате ваков начин на подгтвување храна, почнете мали чекори. Доколку немате здравствен проблем, заради кој мора веднаш да почнете со жива храна, тогаш нема потреба целосно да смените вашата исхрана или пак тоа да го сторите преку ноќ. Всушност, најверојатно ќе создадете поздрави навики за јадење кога полека ќе ги менувате работите.

 

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked