Од Нашиот Блог
HomeBistraw Živo ZdravoПрограмата за детоксикација и нејзиното значење

Она што многу луѓе ги привлекува за да започнат да јадат жива храна е прочистувањето на телото од токсини. Ова не е изненадувачки бидејќи нашите токсични животни стилови имаат исклучително негативен ефект врз нашето здравје и благосостојба. Ние интуитивно чувствуваме дека исхраната базирана на свежа храна има суштинска вредност за да одговори на ова влијание и да придонесе за рамнотежа во нашите животи на сите нивоа.

Идејата дека токсините се акумулираат во телото и придонесуваат за здравствените проблеми е фундаментален концепт на многу традиционални начини на лекување. Постот и чистењето од секојодневната исхрана се користат илјадници години како начин да се ослободи товарот од телото, но и да ни помогне да се поврземе со духовните аспекти на нашата природа.

Јадењето свежа храна и програмите за детоксикација имаат многу сличности. Кога сте на исхрана со многу свежи прехранбени производи, природно ќе го детоксирате вашиот систем. Меѓутоа, кога вашата намера е да постигнете подлабоко чистење, поструктуриранаи внимателно приготвена програма може да го направи целиот процес многу поефективен.

Придобивките од детоксикацијата со жива храна

Користењето на програма за детокс со жива храна може да биде една од најважните работи што треба да ги направите за да го подмладите вашето физичко тело, и да направите промени со кои ќе ги разбиете и најжестоките „непријатели” на вашето тело. Таа, исто така може да ви даде единствена можност да ги трансформирате вашите вообичаени рутини, како и да ги преиспитате и смените вашите однесувања.

Ваквата програма означува нов почеток и може да биде одличен вовед во еден ваков начин на живење. Ако сте ентузијасти за започнување на нова насока во вашиот живот, периодот на транзиција ќе го минете многу полесно. Јадејќи едноставни и лесно оброци од жива храна му давате време за одмор на системот и со тоа ја разбивате зависноста од готвената храна. Веќе после првата недела вашите желби за готвено ќе бидат значително намалени и тогаш ќе ви биде многу полесно да ја задржите вашата дисциплина.

Кога ќе почнете ваква диета важно е да сфатите дека постојат многу различни начини за постигнување на вашите цели. Вие не мора да брзате или да превземате екстремни чекори за брзо детоксирање. Бавен и постепен детокс може да биде исто толку ефикасен и во повеќето случаи, всушност, е подобра опција отколку постот или многу строга диета за чистење. Најважно е да запаметите дека работите на постигнување на вашата оптимална здравствена состојба и дека времето кое ви е потребно да стигнете до таму не треба дави е точка на фокус. Можеби најважниот фактор во однос на чистење на телото е да бидете трпеливи и да сте во хармонија со природниот циклус на лекување на телото. На крајот на краиштата ова ќе ви даде најдобри резултати. Важно е да верувате дека сте на вистинскиот пат.

Многумина прашуваат како и дали и е можно да се надминат здравствени проблеми јадејќи жива храна

Целиот свет ги открива моќните здравствени придобивки од исхраната со жива храна. Ова е револуционерна наука за исцелување – онаа која се осврнува на вистинската причина за здравствени проблеми – наместо едноставно да ги покрие симптомите. Ваквиот начин на исхрана може да му помогне на вашето тело да ги елиминира токсините, а истовремено да ги подмладува вашите клетки. Спиралата е логична. Кога токсините ќе се отстранети вашата животната сила ќе се е зголеми, па така вашето тело може да го искористи својот природен потенцијал за лекување.

Да одговорам и зошто токсините се „важни” и како тие влијаат на вашето здравје.

Сите ние, во текот на нашиот живот сме биле изложени на екстремно токсични предизвици. Храната што ја јадеме, водата што ја пиеме и воздухот што го дишеме, сите се контаминирани со неприродни супстанции. Кога вашето тело акумулира повеќе токсини отколку што е во можност да отстрани, тоа ќе почне да се соочува со негативни ефекти. Во почетокот може да забележите пад на нивото на енергија. Исто така, може да почувствувате повремени симптоми како главоболки, алергии или дигестивни непријатности. Со време, токсините може да се наталожат околу и во органите и да им го нарушуваат оптималното функционирање. Ако ситуацијата не се реши, ефектите од вишокот на токсини може да доведат до развој на хронични здравствени проблеми.

Вашето тело редовно се обидува да ги исчисти токсините од вашиот систем преку стимулирање на нејзините природни процеси на чистењето. Ова може да се манифестира во форма на симптоми кои ги толкуваме како болест, како, на пример, настинка или грип.

Ние сме навикнати да бараме брз лек во облик на апче или лек со кои би ја ублажиле непријатноста. Но, реалноста е дека потиснувањето на овие симптоми ја попречува способноста на телото да ги искорени токсините. Со ова токсините се таложат уште подлабоко додека основната причина за проблемот останува. Целосна здравствена трансформација може да се случи само кога се оддалечуваме од концептот на лекување на болеста и наместо тоа се фокусираме на постигнување рамнотежа. Детоксикацијата е од фундаментално значење за да се елиминира коренот на хроничните здравствени проблеми.

Една ефикасна програма за детокс природно ќе ги поттикне да работат органите за елиминација. Повеќето луѓе треба да работат на подобрување на филтрациониот капацитет на бубрезите и решавање на опструкциите во лимфниот систем.

Решение со програмата за детоксикација со жива храна

Кога ќе го зголемите квалитетот на вашата исхрана, вашето тело природно ќе почне да се лекува. Живата храна има уникатни квалитети кои ја поддржуваат способноста на вашето тело да ослободи од токсините. Овошјето особено го активира лечењето кои иницира чистење и ја подобрува функцијата на елиминационните органи.

Готвењето предизвикува промени во хемијата на храната, уништување на витамини и претворање на минералите во неорганска форма што не е компатибилно со човечкото тело. Дополнително, готвењето произведува токсични соединенија за кои се знае дека имаат негативни здравствени ефекти.

И секако, најважниот аспект на исхраната со свежа/жива храна е нејзината алкалност, а алкална исхрана доведува до алкален организам со што се враќа рамнотежата на организмот.

Ако стане премногу кисел, вашиот организам за да одржи баланс може да ги искористи своите резерви минерали како калциум, магнезиум и калиум. Она што го јадеме може да влијае на хемијата на нашето тело. Кога вашата исхрана содржи голема количина храна која создава киселост, минералните резерви може да се намалат. Ова може да резултира со различни здравствени проблеми како што се остеопороза, проблеми со забите, хроничен замор, имунолошки заболувања и артритис. Кога ќе прејдете на вакова начин за исхрана, после програмата за детоксикација, која во „Здраво Живо“ трае 28 дена, или онолку денови колку се потребни за чистење на цревата од отрови, со сигурност ви гарантираме дека ќе имате алкално тело. Промените и разликите во енергетското ниво на телото се чувствуваат многу брзо, лесно оди и загубата на килограмите, видливи се разубавените коса и кожа, но веројатно и најважно е зајакнувањето на духот, полнењето самодоверба (што е и резултат на разубавениот изглед) и секако задоволството дека сте здрави.

Оваа програма е препорачлива за сите и може да ја практикуваат дури на најмалите, веќе од 6 месеци нагоре и да се сигурни дека нема ни да кивнат во следните 6 месеци, но секако е задолжителна за оние кои се судриле со здравствен предизвик и животот за миг им станал посериозен.

Освежете го, тој ќе е жив пак и ќе ви се насмевне.

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked