Од Нашиот Блог
HomeBistraw Živo ZdravoИскористете ја привилегијата што живеете во земја каде овошјето и зеленчукот имаат вкус

Добивање неготвен оброк, дали е само уште една диета или пак  ексклузивна исхрана со неготвена храна, одлична и за лично, но и планетарно здравје?

Иако луѓето јаделе сирова храна откако првпат почнале да ги користат сите продукти околу нив, сепак исхраната со жива храна почна да се шири последниве години, кога некои познати, славни личности од различни профили почнаа да ги земаат предвид придобивките од свежата храна за одржување на здравјето и тежината.

Како што веќе кажавме исхраната со сирова храна обично се состои од необработени јадења кои не се загреваат над 46 степени целзиусови, со цел да се зачуваат хранливите материи што инаку се губат за време на готвењето. Многу е важно да се забележи дека  покрај губењето на тежината и чувството на енергичност, што се јавува како резултат на детоксикација на телото од отрови и маснотии, со овој начин на исхрана се избегнуваат канцерогените што се воведуваат во храната преку готвење и секако заштита на животната средина.

Во Здраво Живо имаме неверојатно искуство за што може да се напишат редови и редови и сме пресреќни што како земја може да се пофалиме со исклучително високо развиена свест за нашето здравје. Докажано е, а и зборувавме наназад дека живата храна прави неверојатни трансформации, спречува болести и прекинува раст на канцер клетки, но јас како готвач, како човек на кој му се важни вкусовите, најмногу се радувам на клиентите кои се таму заради вкусот. Многумина се префрлаат на сирова храна за да го исчистат својот систем од токсини, но потоа заради вкусот и секако енергијата која ја чувствуваат продложуваат да јадат над 90 отсто свежа храна и многу малку готвена, преработена храна.

Сега следува прашањето, кое е неизбежно: Зошто да јадам вака кога моите претци не јаделе? Па секако следува и мојот одговор дека нашите претци немале компјутер, тогаш зошто го користиш. Сметам дека имаме огромна привилегија да живееме во време кога сите информации ни се достапни на дланка, па секој од нас лесно може да си го избере својот пат. Ме воодушевува што денес може овој миг да разговараш со некоја девојка од Нов Зеланд, и таа со тебе да ги сподели своите искуства со болеста која ја делите, или спортот со кој се занимавате… еден ваков пример на привилегија е филмот Simply Raw, во кој се документирани испитувањата и страдањата на шест пациенти со дијабетес кои еден месец јадат жива храна и ефикасно се лекуваат од нивната болест.

Џони Деп, Венус Вилијамс, Вуди Харелсон, Ума Турман, Стинг и Деми Мур се само неколку од големите имиња кои се амбасадори на сировата исхрана.

Повеќето приврзаници на сировата храна се вегани, т.е. не јадат никакви животински производи. Јас лично сметам дека само на тој начин придобивките се комплетни. Иако себеси не се декларирам како веган, а знам и да изедам топол оброк, она на што сум се заколнала и не сум го прекршила е исфрлањето на глутенот, што е вториот акцент во Здраво Живо.

Уште една привилегија е што живееме во време кога сите продукти ни се достапна, па во кујната може секој од нас да биде магионичар. Но, доволно е само да се има волја и да се сака, изговори не постојат.

Последната и најважната привилегија која ја имаме ние Македонците е што живееме во земја каде овошјето и зеленчукот имат вкус. Вчера на трпезата имав домат кој слободно може да се натпреварува со највкусниот бифтек подготвен од најдобриот шеф на овој свет.

Појдете до најблискиот пазар и уживајте во мирисот и боите, а потоа пренесети ги и вкусовите.

Живата храна, храна која раѓа живот е достапна луксузна привилегија.

Дозволете си ја.

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked