Од Нашиот Блог
HomeBistraw Živo ZdravoЗа млекото од бадеми или нектарот во живата храна

Ниту млекото, за жал, не е она што некогаш било. Многумина од нас пораснале на домашно млеко кое се поткиселувало на природен начин и се претворало во вкусен, здрав и освежувачки оброк на кој добро се сеќаваме.

Сега, само ретките имаат прилика да дојдат до такво млеко зашто многу малку животни кои даваат млеко ги хранат здраво. Напротив, во нивната храна млекарите додаваат хормони, антибиотици или состојки од животинско потекло. Млекото на денешните крави се хомогенизира, па така молекулите на мастите дотолку се истиснуваат што навлегуваат директно во крвотокот.

Нашето тело тешко се брани од таквите микромолекуларни масти, па тие без проблем патуваат низ крвотокот, таложејќи се во крвните жили. Ако се обидете да потквасите хомогенизирано млеко ќе добиете смеса што не сакате да ја гледате, а камоли да ја пробате. А да не зборуваме за тоа како човековиот организам не е во состојба доволно лесно, брзо и потполно да ја свари лактозата од млекото, особено од кравјото, што резултира со зголемено производство на отровни бактерии во системот за варење.

Сепак, природата ни дала производи кои се полни со млеко, а за да го добиеме ни треба само добар блендер. Со помош на Витамикс може да си направите мала домашна фабрика за производство на свежо, многу хранливо млеко, кое е исклучително здраво и вкусно. Се што ви треба е малку трпение и неколку обиди за да го добиете вкусот кој вам најмногу ви одговора.

Здравствените придобивки од бадемовото млеко се: губење на тежината,  посилни коски, подобрување на видот и  здраво срце.

Исто така, помага во градењето на силни мускули, одржување на идеален крвен притисок и обезбедување правилно функционални бубрези. Тоа е добра алтернатива за млеко на доилки.

Иако не е многу честа појава, бадемовото млеко со години се користи како замена за кравјо млеко. Кравјото млеко е познато по високата содржина на разни витамини и минерали, но за бадемите се докажува дека содржат дополнителни хранливи материи. Ова е причината зошто бадемовото млеко се препорачува како добра опција за оние кои не консумираат некаква форма на млечни производи, како и оние кои имаат алергија/нетолеранција на кравјо млеко, и секако за се вегани.

Млекото од бадеми содржи малку маснотии, но дава огромна енергија, бидејќи содржи протеини, липиди и влакна. Содржи минерали како калциум, железо, магнезиум, фосфор, калиум, натриум и цинк. Содржи витамини како што се витамин Ц, витамин Б6, тиамин, рибофлавин, ниацин и витамин Е. Од сите овие хранливи состојки имаме различни придобивки кои се од суштинско значење за здраво тело.

Поради својата хранлива содржина, баедмовото млеко е најдобрата алтернатива за оние кои имаат нетолерантност кон млечни производи или соја. Хранливата вредност на бадемовото млеко е еквивалентна на онаа што се наоѓа во оризовото или млекото од индиски ореви, кое исто така го препорачуваат нутриционистите.

Погоре ги набројавме, а сега да ги објасниме здравствените придобивки од бадемовото млеко:

Помага во намалување и одржување на крвниот притисок. Како што кажавме бадемовото млеко е најдобрата алтернатива за луѓето кои имаат нетолерантност кон соја и млечни производи. Тоа е затоа што сите минерали и витамини на соја и други млечни производи се наоѓаат во бадемовото млеко.

Движењето на крвта во телото се одвива преку вените. За да можат да функционираат правилно, тие треба да бидат способни да се прошират слободно, за да овозможат слободен проток на крв во различни делови од нашето тело. Ова зависи од витаминот Д и минерали како фосфорот.Блокирањето и слабото движење на крвта во рамките на вените може да резултираат со висок крвен притисок, што може да биде медицинска состојба опасна по живот. Овие хранливи материи го одржуваат срцето здраво.

Прекрасно за срцето

Целосниот недостаток на холестерол во бадемовото млеко го прави моќно средство за овозможување силно и здраво срце. Истражувањата покажуваат дека конзумирањето бадеми може да помогне во намалувањето на ризикот од срцеви болести. Тоа е далеку подобра од другите храни кои додаваат LDL или лош холестерол, кој е виновник за многу кардиоваскуларни заболувања.

Конзумирањето на бадемово млеко го гарантира присуството на калиум во телото кое е клучен елемент кој дејствува како вазодилататор и ја намалува тензијата и ритамот на срцето.

Моќно за мускулите, коските и очите

Формирањето мускулен систем е процес кој може да се забрза со конзумирање на вистинскиот тип на храна, посебно храна која содржи витамини и минерали, кои имаат директно влијание врз мускулната маса. Бадемовото млеко, на пример, содржи рибофлавин, кој е форма на витамин Б за кој се покажа дека работи заедно со други хранливи материи како железото и ја регулира силата и растот на мускулите. Исто така е добар извор на протеини.

Бадемовото млеко содржи калциум, кој е потребен за формирање и одржување здрави заби и коски. Калциумот е потребен за згрутчување на крвта, релаксирани мускули и одржување на нормален отчук на срцето. Вклучувањето бадемово млеко во исхраната обезбедува калциум во телото и придонесува за здрав раст на коските кај возрасните, но и кај новороденчињата. Исто така помага во намалување на ризикот од остеопороза. Една порција бадемово млеко содржи 30 отсто од потребната дневна доза калциум.

Како што веќе заклучивме бадемовото млеко е богато со разни витамини, вклучувајќи витамин А, кој е од суштинско значење за правилното функционирање на очите. Употребата на компјутери, паметни телефони и таблети е честа појава во повеќето канцеларии и домови во нашето модерно време. Постојаната употреба на овие уреди може да влијае на видот на корисникот до одреден степен. Оваа состојба може да се третира природно со зголемување на внесот на витамин А, што може да го достигнете со бадемовото млеко.

Совршено за бубрезите

Постојат минерали како калциум и калиум кои можат да бидат штетни за бубрезите ако се присутни во прекумерно количество во телото. Бадемовото млеко содржи ограничено количество на фосфор и калиум, што не е случај со млечните производи и производите од соја. Препорачливо е луѓето кои страдаат од хронични или акутни состојби на бубрезите да се стремат да го намалат внесот на храна која ги содржи овие минерали во високи количини.

Најдобриот, совршениот извор за овие минарели е токму бадемовот млеко. Пиејќи воопшто не треба да размислувате за внесот на минерали.

Грижливо за кожата

За да кожата изгледа здраво и да го има тој млад изглед таа се потпира на различни видови витамини и минерали. Конзумирањето бадемово млеко, кое содржи многу витамин Е, помага во одржувањето на здравјето на кожата. Освен витамините, исто така, има антиоксиданти кои помагаат во обновување на оштетената кожа, како и регулирање на витаминот А. Овие витамини се достапни и во бадемовото млеко кое се обработува дома, како и оној што се обработува и се продава комерцијално. Интересно е дека може да се користи како лосион за чистење на кожата. За да постигнете најдобри резултати за чистење на кожата во млекото додадете ружина вода.

Еден интересен факт за анти-канцер својствата на растителното млеко

Истражувачките студии укажуваат на тоа дека пиењето бадемово или кокосово млеко го потиснува растот на клетките на рак на простата на ЛНКаП, кои се стимулирани со конзумирање кравјо млеко.

И како за крај повелете рецепт за млеко од бадеми, нектар или пијалок на боговите.

Потребни состојки: 50 бадеми, 800 мл сончева вода, половина стапче ванила (изборно),стевија или агавин сируп (изборно).

Постапка: Бадемите ставете ги во вода, доволно да се покриени и оставете ги да откиснат, најмалку 5 часа, но најдобро е преку ноќ. Сабајлето процедете ги и излупете ги. Така излупени ставете ги во блендер и додадете 200 мл вода. Блендирајте една минута со најголема брзина. Откако убаво ќе се сомелат бадемите, додајте ја и останата вода и стапчето ванила. Блендирајте уште една минута. На крајот додајте заблажувач по желба. Процедете го млекото и ставете го стаклено шише. Може да трае најмногу 24 часа.

Моето омилено е чоколадното млеко од бадеми во кое, откако е процедено без заблажувач, додавам коцка Здраво Живо чоколадо.

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked